Фoto: facebook@GRK Ohrid

ГРК Охрид по добар резултат против Олимпијакос во Атина во ЕХФ Европскиот куп

Денеска со почеток од 16.00 часот екипата на ГРК Охрид ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп на гости против грчкиот Олимпијакос.

Мечот ќе се игра во Атина, истиот ќе го судат Данците Никлас Нигаард и Јонас Примдал, додека ЕХФ делегат е Андреј Јонут Барбу од Романија.

Македонскиот претставник во саботата го одработи единствениот тренинг во Атина. Владее одлична атмосфера во редовите на Борис Ројевиќ со амбиции да се дојде до поволен резултат пред реваншот закажан за 4 април во Охрид.

Составот на ГРК Охрид за денешниот натпревар: Блажевски, Пилиповиќ, Борозан, Стрмлјан, Ојлески, Јагуриновски, Иванковиќ, Кукуловски, Ристески, Тасески, Реј Моралес, Савревски, Лиапис, Петриќ, Ѓукиќ, Прибетиќ.

-Пред нас е еден тежок натпревар против Олимпијакос. Добро работевме во текот на целата недела и подготвени го очекуваме мечот. Ќе го дадеме максимумот да дојдеме до поволен резултат пред возвратниот дуел на наш терен – изјави играчот на ГРК Охрид, Џанфранко Прибетиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот