ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и го освои турнирот „Крсте Андоновски“
Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигра вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“.
Препорачано
„Гладијаторите“ имаа водство во најголем дел од натпреварот, а на голот го имаа и одличниот Бојан Блажески кој беше прогласен за играч на финалето.
Блажески се најде и во идеалниот тим на турнирот заедно со уште двајца соиграчи, крилото Ѓукиќ и бекот Иванковиќ кој беше прогласен за најдобар играч на четвртото издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.
Ова е прв триумф на Охрид на турнирот што го организира заедно со Општина Охрид што, пак, е одлична најава за претстојната ракометна сезона.
Претходно ГРК Охрид на турнирот триумфираше против Киндил од Фарски Острови со 39:25 и Партизан од Србија (30:25), а загуби од хрватскиот Нексе со 30:29.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
14мин
-
9час
-
9час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


