Гринвуд останува во притвор, Јунајтед, соиграчите и спонзорите се откажуваат од него

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Мејсон Гринвуд, кој вчера беше уапсен поради силување, останува во притвор бидејќи полицијата доби повеќе време да ги истражи наводите за силување.

Гринвуд беше уапсен во неделата откако на Инстаграм беа објавени фотографии и аудио снимка кои говорат за насилство и силување.
Пред да бидат избришани објавите, на фотографиите можеше да се види млада жена чие лице беше крваво и со модрици по телото, а на нив имаше порака: Сите кои сакаат да знаат што навистина прави Мејсон Гринвуд.

„Детективите добија дополнително време да разговараат со 20-годишникот кој е притворен поради сомневања за напад и силување на жена. Осомничениот еуапсен во неделата и ќе остане во притвор. Истагата е во тек, а на жртвата и е понудена стручна помош“, стои во соопштението на полицијата на Манчестер.

Веднаш по апсењето, Манчестер јунајтед го суспендира Гринвуд, додека соиграчите престанаа да го следат на социјалните мрежи, а од него се откажа и спонзорот. „Најки“ денеска соопшти дека ја раскина соработката со фудбалерот.

„Ја прекинавме соработката со Мејсон Гринвуд. Сериозно сме загрижени поради вознемирувачките обвиненија и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, објави „Најки“.

Манчестер јунајтед пак ги повлече сите производи со името на притворениот фудбалер од својата интернет продавница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот