Грета Тунберг: Пресвртница за општеството, луѓето се подготвени да ги притиснат политичарите – Слободен печат
ВестиПланета

Грета Тунберг: Пресвртница за општеството, луѓето се подготвени да ги притиснат политичарите

Иако нема официјални бројки за бројот на учесници во протестите низ целиот свет, Грета Тунберг рече дека се радува доколку се бројат со милиони.

Младата активистка за климата, Швеѓанката Грета Тунберг, која иницираше климатски митинзи низ целиот свет, денеска изрази надеж дека општеството дојде до „пресврт”.

Иако нема официјални бројки за бројот на учесници во протестите низ целиот свет, Грета Тунберг рече дека се радува доколку се бројат со милиони.

– Бројките се неверојатни. Кога ги гледам видеата, едноставно не ми се верува – рече тинејџерката пред да се приклучи на митингот во Њујорк.

– Се надевам дека ќе биде пресвртна точка за општеството, бидејќи гледаме колку луѓе се подготвени да извршат притисок врз политичарите, особено пред самитот за климата на ОН следната недела во Њујорк – рече младата Швеѓанка.

Стотици илјадници ученици, студенти и работници денеска излегоа на улиците на градовите низ целиот свет, од Азија до Европа, како дел од глобалниот штрајк со кој ги повикуваат светските лидери кои ќе присуствуваат на самитот за климата на ООН да преземат итни мерки за да спречат климатска катастрофа.

Протестите започнаа на пацифичките острови, кои се најмногу изложени на ризик од зголемувањето на нивото на морето и во Австралија, каде што се одржаа масовни демонстрации низ целата земја, од поголемите градови како Мелбурн и Сиднеј до помалите градови како Алис Спрингс. Потоа протестите се проширија во Јапонија, Југоисточна Азија, Европа, Африка и Блискиот исток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close