Грција формираше Министерство за миграции

Грчката влада формираше Министерство за миграции додека земјата се соочува со се поголем прилив на мигранти и бегалци од Турција.

Во Грција минатата година влегле околу 75.000 мигранти што е за 50 отсто повеќе од 2018 година, но тој број е далеку помал од оној во големата мигрантска криза.

На чело на Министерството е поранешниот заменик министер за работнички и социјални прашања, Нотис Митараки, кој денеска положи заклетва.

Речиси 80 отсто од мигрантите влегле од Турција, каде во моментот во мигрантски кампови има над 4 милиони бегалци и мигранти. Турската држава се грижи за нив и ги спречува да одат кон Западна Европа, а за таа „услуга“ добива пари од Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот