Грција од следниот месец ќе почне вакцинација против ковид и со „Новавакс“

Фото: THIAGO PRUDENCIO / PROFIMEDIA

Во програмата за имунизација, Грција од следниот месец ќе ја вклучи и протеинската вакцина „Новавакс“, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната прес конференција.

Темистоклеус објасни дека во следниот период очекуваат вкупно 474.000 дози, од кои 168.000 ќе пристигнат за 20 дена, а од почетокот на март, вакцината ќе биде достапна во конкретни центри за вакцинација.

Во однос на процесот на имунизација во Грција, Темистоклеус рече дека над 7.330.000 граѓани се целосно вакцинирани, односно 69,8 отсто од општото население и 79,3 проценти од полнолетната популација.

Од 5.816.000 граѓани кои имаат право да примат бустер доза, веќе ја примиле 83,8 проценти.

На денешната прес конференција, генералниот секретар, кој е надлежен за процесот на вакцинација во земјата се осврна и на вакцините кои Грција ги донираше на други земји или на билатерално ниво или преку Ковакс механизмот.

Вкупно три милиони дози Грција директно им донирала на Северна Македонија, Албанија, Кенија, Украина, Либија, Јордан, Руанда, Тунис, Египет, Иран, Виетнам, Гана, Габон и Босна и Херцеговина, додека пак 5,7 милиони се преку програмата Ковакс.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот