Грчката црква создаде своја алатка за вештачка интелигенција: „Логос“ дава совети, но не прима исповеди
Грчката православна црква создаде своја алатка за вештачка интелигенција, наречена „Логос“ (LOGOS), објави „Катимерини“.
Препорачано
„Логос“ функционира како дигитална „библиотека“ што собира информации за прашања поврзани со христијанската вера и ги претвора во јасни и корисни одговори. На прашањето дали може да прима исповед, апликацијата одговорила дека не може, но понудила насоки и молитви за подготовка.
Митрополитот Гаврил, идејниот творец на проектот, изјавил дека оваа алатка не ги заменува свештениците, туку дека „делува како водич што го носи верникот кон следниот чекор – кон Црквата“. Тој нагласил дека Црквата мора да се вклучи во дигиталниот свет.
„Технологијата треба да ѝ служи на човечноста, а не обратно,“ истакнал митрополитот Гаврил.
Целта на „Логос“ е да им помогне на младите корисници безбедно да пристапуваат до точни информации за православната вера, спротивставувајќи се на штетни или на погрешни содржини што кружат на интернет.
Википедија бележи пад на посети поради вештачката интелигенција и социјалните мрежи


