Википедија бележи пад на посети поради вештачката интелигенција и социјалните мрежи
Бројот на посети на глобалната онлајн енциклопедија Википедија се намалил за осум проценти на годишно ниво, според блогот на вишиот директор за производи и основни искуства на Фондацијата Викимедија, Маршал Милер.
Препорачано
Падот на посетите на Википедија беше забележан по ажурирањето на системот за откривање ботови, кое откри дека дел од претходно „многу високиот“ сообраќај всушност доаѓа од ботови кои се обидуваат да избегнат контрола, додека посетите од реални луѓе се значително помали, пишува „Техкранч“.
Милер објаснува дека падот на посетите е поврзан со промените во начинот на кој луѓето бараат информации. Генеративната вештачка интелигенција и социјалните мрежи стануваат главен извор на знаење, додека пребарувачите како што е Гугл сè повеќе им даваат одговори директно на корисниците, наместо да се повикуваат на извори како што е Википедија.
Покрај тоа, помладите генерации ги користат социјалните мрежи почесто за информации и помалку пребаруваат на интернет за да стекнат ново знаење, објавува Тех Кранч.
Фондацијата предупредува дека намалувањето на посетите на Википедија може да влијае на бројот на волонтери кои ја уредуваат содржината и донатори кои ја поддржуваат работата на онлајн енциклопедијата.


