„Гранде“ Пандев против Кротоне ќе го игра последниот натпревар во кариерата!?

Горан Пандев во дресот на Парма/ фото: parmacalcio1913.com

Горан Пандев лани по завршувањето на Европското првенство одлучи да стави крај на репрезентативната кариера…На почетокот од оваа година одлучи да ја напушти Џенова и се пресели во редовите на Парма.

Во италијанската Серија Б досега запиша 11 настапи со еден погодок во победата над Порденоне. Во февруари во интервју за италијанските медиуми „Гранде“ Пандев барем како што тој најави, ова ќе биде последната сезона во неговата кариера како играч.

Парма која не успеа да се врати годинава во Серија А, но успеа да обезбеди опстанок во втората по квалитет лига во Италија. Последниот меч сезонава играчите на тренерот Џузепе Јакини ќе го играат в петок (6 мај) со почеток од 18.15 часот против Кротоне на гостински терен. За Пандев би требало тоа да биде последниот натпревар во неговата голема фудбалска кариера.

Тој најголемиот дел од кариерата го помина во Италија каде ги запиша своите најдобри успеси. Со Интер ја освои Лигата на шампионите во 2010 година, со „нераѕурите“ има два трофеи во Купот на Италија, а по еднаш ги освои Серија А, Суперкупот на италија и Светското клупско првенство.

Горан Пандев минатото лето со Македонија настапи на ЕП/ фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Со Наполи двапати беше победник во Купот на Италија, а истото натпреварување го освои и со Лацио во сезоната 2008/2009.

Професионалната клупска кариера ја започна во Беласица, а ги бранеше уште боите на Специја, Анкона, Галатасарај и Џенова. Со македонската А репрезентација го исполни сонот да игра на едно големо натпреварување, во овој случај Евро 2020. Тој е нашиот најдобар стрелец во историјата на А селекцијата со 38 постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот