Банка / фото МИА

Граѓаните и фирмите во банките имаат 10,2 милијарди евра

Вкупните кредити заклучно со септември се 8,7 милијарди евра. Во станбени кредити се врзани 1,7 милијарди евра

Заклучно со септември, вкупните депозити што ги имаат граѓаните и фирмите во банките се 10,2 милијарди евра, а истовремено, пласираните пари во кредити изнесуваат 8,7 милијарди евра, покажува извештајот на Народната банка.

Оттаму информираат дека вкупните депозити, на годишно ниво, бележат раст од 13,2 проценти и тоа се должи на растот на депозитите на двата сектора, но поизразен е растот кај секторот „домаќинства“. Корпоративниот сектор пак, на месечно ниво има пад на депозитите од 2 проценти, додека домаќинствата имаат раст од 1,2 проценти.

Вкупните кредити, пак, имаат годишен раст од 13,5 проценти и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 1 процент и годишен од 10,8 отсто, со поизразен раст кај кредитите во денари.

Во кредитирањето на домаќинствата над 2,2 милијарди евра се врзани во потрошувачки кредити. Веднаш зад нив се станбените кредити и по тој основ граѓаните должат 1,7 милијарди евра. За автомобилски кредити наменети се 6,9 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот