Граѓанската војна во Либија стана меѓународна

Фото: ЕПА

Во моментот во Либија се борат повеќе од 1000 руски платеници.

Граѓанската војна во Либија стана меѓународна војна откако оваа недела таму беа стационирани турски војници.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатиот месец најави дека ќе испрати војници на повик на Владата за националното единство (ГНА). А денеска предупреди дека доколку падне либиската влада, можно е да се обноват терористичките организации Исламска држава и Ал-Каеда.

Во моментот во Либија се борат повеќе од 1.000 руски платеници.

Според пишувањата на светските медиуми, токму овие руски платеници со своето искуство и напредното вооружување драматично ја промениле рамнотежата на силите на бојното поле.

Сепак, Москва, како што тоа го правеше и во Сирија и во Украина негира поврзаност со платениците од Русија.

На другата страна, пак, се турските војници и сириските бунтовници.

ГНА побара помош од Истанбул, која Ердоган ја испорача оваа недела. Освен војска, испрати воени дронови, оклопни возила и воени советници. Турција на бојното поле сега испрати и сопствени платеници, околу 2.000 сириски бунтовници кои се борат во корист на владата во Триполи.

Сепак, последното подрачје во Сирија кои го контролираат сириските бунтовници е под силни напади на руските, сириските и иранските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот