Градоначалникот Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција

Фото: Бобан Стефковски, Фејсбук

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово го испрати младиот Никола, кој боледува од карцином на коските во Турција, каде ќе го започне неговото лекување.

Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!, пишува Стефановски на официјалниот Фејсбук-профил.

Исто така, се организираат низа активности со цел да се соберат потребните средства за лекување.

МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 денеска во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат натпревар од хуманитарен карактер. Наместо билет, на влезот беше поставена кутија за донации за Никола.

Во Автокоманда во школскиот двор на „Стив Наумов“ на 20 април ќе биде организиран хуманитарен турнир на кој пријавените екипи со уплата од 1.200 денари, средства наменети за лекувањето на Никола, ќе можат да играат натпревар во траење од десет минути. Отворени се и телефонски линии за донација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот