Фото: МИА

Градоначалникот на Струга доби кривична, поставил директор на „Водовод“ без соодветно образование

Само половина година откако седна на градоначалничкото столче, Менди Ќира доби кривична пријава поради „несовесно работење во службата“. Тој се сомничи дека доскорешниот директор на струшката „Водовод и канализација“, Меџијаит Јусуфоски, го назначил на позицијата и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и сертификат за англиски јазик и не исполнува повеќе услови  од Законот за јавни претпријатија.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ. (65) од село Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘несовесно работење во службата’.  На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор  на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и не исполнува повеќе услови  од Законот јавни претпријатија. Со тоа му овозможил противправно да оствари парична корист по основ на плата и придонеси како директор на ЈП ‘Водовод и канализација’-Струга“, соопштуваат од МВР.

Инаку, бизнисменот Менди Ќира стана градоначалник откако на локалните избори победи како независен кандидат, а поддршка доби од владејачката коалиција Вреди.

Менди Ќира го продава службеното „Ауди“ на Мерко, најави бркање неработници од општината

Според датумот на назначувањето на Меџијаит Јусуфоски, значи дека тој е ставен за директор на „Водовод“ брзо откако Ќура се официјализираше како градоначалник.

Меџијаит Јусуфоски на 12 февруари си поднесе оставка од морални причини, откако пет дена имаше криза со загадена вода во Струга. Ексдиректорот состојбата со водата ја окарактеризира како „катастрофална по здравјето на граѓаните“. По него на директорската позиција на струшки „Водовод“ дојде Јованчо Мечкароски.

Енормно загадување на водата во Струга, Обвинителството оформи предмет

Познато е дека Струга има контроверзна традиција со градоначалниците, како и со директорите на струшкото водоводно препријатие. На пример, бишиот градоначалник Рамиз Мерко доби неколку кривични пријави. Тој именуваше библиотекар за директор на основно училиште во село Подгорци. Исто така, Обвинителство го гонеше и за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен автомобил „ауди А6“ во период кога Општината имала блокирана сметка. Од 20 јуни 2023 година, Рамиз Мерко се најде на црната листа на Америка поради корупција и мешање во судски процеси.

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Во однос на претпријатието, ексдиректор на „Проаква“ се товареше дека потрошил над 98.000 евра по ресторани, друг дека на 23 вработени, прогласени како вишок им исплатил 60 плати, трет дека со несовесно работење придонел за загадување на струшката вода, а еден се најде и на листа на Интерпол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот