Протести во Минеаполис/Фото: Tom Hudson / Zuma Press / Profimedia

Градоначалникот на Минеаполис постави услови за соработка со Хоман, „царот на границите“

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, денес изјави дека е подготвен да соработува со високиот граничен службеник, Том Хоман, кој беше испратен во градот од претседателот Доналд Трамп, но под услов Хоман да дојде да соработува конструктивно со локалните власти, објави Скај њуз.

„Ако Том Хоман е тука за конструктивно да соработува со локалните лидери и да најде заедничка основа, го поздравувам тој разговор“, рече Фреј, додавајќи дека „неговата врата е отворена“.

Тој изјави дека, сепак, ако Хоман се фокусира на ескалација на тензиите или ширење дезинформации, на Минеаполис тоа не му е потребно.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно изјави дека Хоман, кого американските медиуми го нарекуваат „царот на границите “, ќе дојде во Минеаполис како „точка за контакт“ по пукањето во кое федерален агент го уби Алекс Прити.

Најновото пукање се случи еден ден откако десетици илјади луѓе маршираа низ центарот на Минеаполис протестирајќи против присуството на агенти на ИЦЕ во градот, објави Танјуг. Претходниот инцидент се случи на 7 јануари, кога агент на ИЦЕ ја застрела и уби американската државјанка Рене Гуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот