Градоначалникот на Чешиново Облешево треба да поднесе приватна тужба за да се справи со лажната вест дека починал

Сепак според постојни членови во Кривичниот законик, граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години.

Се претера ли со лажните вести. Најновата е дека градоначалникот на Чешинво Облешево, Горанчо Крстев кој е заразен од Корона 19 и е во самоизолаија – починал од вирусот.

Градоначланикот веќе ја демантираше веста и побара МВР да преземе мерки против ова лице. -Една мала група на луѓе шират дезинформации. Имаше и непријатна случка со едно лице која ја пријавив во полиција. Лицето шири лажни вести во општината, па дури кажал и дека градоначалникот починал. Пријавив во СВР Штип и СВР Кочани. Имам информации дека МВР досега нема преземено никакви активности против тоа лице и покрај тоа што постои закон против ширење лажни информации. Лицето треба да го повикаат од полиција, вели градоначалникот Крстев.

Од штипската полиција за СП потврдија дека во првата половина на овој месец бил пријавен ваков случај, но по консултации со обвинтел, им било посочено дека нема кривичен правен настан во однос на случајот, и дека доколу пријавителот се чувствува оштетен треба приватно да тужи.

-На 9 април во СВР Штип 56- годишниот Г.К. пријави „поплака“ против лице со иницијали Г.К. затоа што ширел невистини. Од наша страна преземени се активности. Полициски службеницити извршија консултации со јавен обвинител. Дадени се насоки дека нема елементи на кривично дело. Случајот може да се гони по приватна тужба. СВР Штип случајот го евидентира само како „поплака“ против лице што шири невистини, вели портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Сепак според постојни членови во Кривичниот законик, граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години.

МВР уште на почетокот на пандемијата со заразата излезе со известување до граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуваат и шират непроверени односно „лажни“ вести околу Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.

-Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат далекусежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести-информираше своевремено МВР.

Градоначалникот на општина Чешиново Облешево, Крстев во јавноста сам обелодени дека е позитивен на коронавирус, како што рече за да можеме да ја заштитиме јавноста и луѓето. Во меѓувреме власта и опозицијата секојдневно се обидуваат со фабрикување на лажни вести со единствена цел- манипулација на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот