Градоначалничката на Амстердам ќе ја затвора Улицата на црвените фенери?

амстердам
Flickr

Фемке Халсима, која е градоначалничка на Амстердам, веќе извесно време е свесна дека сексуалните работници на „Ред Лајт Дистрикт“ работат во лоши услови.

Една од идеите е да воведе измени во законите за правата на сексуалните работници, како и посилна контрола на она што се случува зад затворените врати.

Таа е отворена за многу идеи кои би ја подобриле нивната ситуација, од кои едната опција е затворање на прозорците на борделите, потоа преместување на индустријата на друга локација, или пак, проширување на капацитетите и работните места.

Предлозите ќе се разгледуваат на крајот на оваа година, за да може со почетокот на следната да се воведат изгласаните промени.

Исто така, ова е чекор за заштита на автентичноста на овој дел од градот, кој во последните години е нарушен поради големиот наплив на туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот