Грабар-Китаровиќ добитничка на наградата Фулбрајт за животно дело

фото: Profimedia

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во саботата во Вашингтон ја доби наградата Фулбрајт за животно дело, велејќи дека признанието е привилегија и задоволство, пренесува „Хина“.

– Гордa сум што оваа награда вечерва имам можност да ја посветам на моето семејство и мојата земја – рече Грабар-Китаровиќ, која била стипендист на Фулбрајт од 2002. до 2003. година на постдипломската програма за меѓународни односи и безбедносна политика на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Наградата Фулбрајт за животно дело се доделува од 2000 година на поранешни стипендисти чија кариера, како што се вели, обезбедува инспирација и служи како пример и илустрација за моќта, влијанието и вредностите на Фулбрајт програмата за размена на студенти.

Покрај хрватската претседателка, наградата годинава ја добија и новинарката Мелиша Блок и архитектот Џејм Полшек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот