Готови за 10 минути: Рецепт за слатки бомбици за кои ви се потребни само две состојки

Фото: Wikimedia Commons

Ладу (Laddoo) се слатки мали индиски бомбици направени од брашно, путер и шеќер, а може да содржат и ситно сечкани ореви, сечкан кокос или суво грозје.

Различни верзии вклучуваат и намирници како брашно од наут, кондензирано млеко, ф’стаци, чоколадо… а најчесто се служат за празници и фестивали.

Една од предностите на слатките бомбици е што брзо се готови, а ние ви претставуваме рецепт кој нема да ви одземе повеќе од десет минути. По желба во смесата можете да додадете и арома на ванила, кардамон во прав или пржени, сечкани ореви.

Фото: Пекселс/ kiro-wang

Состојки:
200 мл засладено кондензирано млеко
150 г рендан кокос плус за посипување

Подготовка:
Измешајте ги млекото и кокосот, префрлете ги во тенџере и варете на тивок оган, мешајќи додека не добиете компактна смеса.
Додека смесата е сеуште топла, формирајте топчиња и валкајте ги во исечкан кокос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот