Горбок: Ни ветија одговори во април, загрижени сме за иднината на Вардар!

EPA/Anders Kjaerbye

Рускиот лев бек на европскиот ракометен шампион вели дека непрофесионално би било веднаш да продолжи сезоната, може да предизвика повреди кај играчите.

Во период каде што нема спортски, ракометни натпревари поради пандемијата на коронавирусот, во домашна изолација, карантин се наоѓаат и ракометарите на актуелниот македонски, регионален и европски шампион Вардар.

Играчот на „црвено-црните“ Сергеј Горбок во интервјуто за рускиот веб сајт „Брз центар“ ја опиша сегашната состојба, околу напреварувањата кои се во прекин.

– Сите сме дома, контактираме преку социјалните мрежи. Проблемите во клубот не се решени, моментно не се приоритет. На прво место е здравјето. Според последните владини одлуки, нема да има спортски настани до крајот мај, а нема можност ниту за одржување тренинзи. Заедно со Еурофарм Работник треба(ше) да го започнеме настапот и во домашната лига, односно во плејофот. Но, како што поминува времето, не гледам смислам да се продолжи шампионат. Играчите нема да бидат во потребната форма, а за краток период ќе треба да се одиграат натпреварите – рече Горбок.

Рускиот лев бек на европскиот ракометен шампион вели дека непрофесионално би било веднаш да продолжи сезоната, може да предизвика повреди кај играчите.

rkvardar.mk

– Исто така не е логична одлуката на ЕХФ да се игра во јуни. Значи, ова е професионален спорт кој мора да ги исполни барањата на играчите, спонзорите и навивачите. Но, не можат професионалните спортисти да се подготвуваат дома два месеци. Би било кршење на сите професионални стандарди веднаш да се играат мечевите – додаде Горбок.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски: Плата од 14.500 илјади денари за спортистите и спортските работници

И Горбок потврди дека долго време чекаат да се решат финансиските проблеми во РК Вардар, па играчите се подготвени да почекаат уште малку, бидејќи ја разбираат сложената ситуација.

– Му веруваме на сопственикот Сергеј Самсоненко. Но, повеќе сме загрижени за иднината на Вардар, отколку за долговите. Жално е сиот труд од претходните години, да биде „фрлен во вода“. Ни ветија одговори во април, но сега и тоа „виси“. Една многу тешка сезона, но убеден сум дека доколку нешто правиш со чесни намери, на крајот треба да бидеш награден – се зборовите на ракометарот на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот