Горан Симов повеќе не е тренер на Македонија ЃП

фото: ФК Македонија ЃП

По поразот од актуелниот шампион Струга во Првата фудбалска лига, Македонија ЃП донесе одлука за разделба со тренерот Горан Симов.

ФК Македонија ЃП известува дека спогодбено се раздели со досегашниот тренер Симов, кој ја водеше екипата во изминатите седум месеци.

Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред.

Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се дојде до завршување на соработката.

– За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од сè срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина – информираат од клубот.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров имаат три порази на последните четири натпревари во шампионатот и моментно се на деветтата позиција со 11 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот