„Google“ ќе развива нова технологија која би требало да ги замени „колачињата“

pixabay
Најпопуларниот интернет пребарувач Гугл / Фото: Pexels/PhotoMIX Company

Употребата на „колачиња“ (анг. „cookies“) отсекогаш била спорна од гледна точка на приватноста на корисникот, поради што компанијата одлучи да развие нова технологија.

Повеќето свои приходи „Google“ ги остварува благодарение на своите клиенти и нивните реклами. Способноста на секој корисник да му се прикаже точно оној оглас што го интересира, на овој интернет гигант годишно му носи милијарди долари.

А, за сето ова да функционира се заслужни „колачињата“ (анг. „cookies“) кои го следат начинот на користење и навиките на корисниците на Интернет и со тоа им овозможуваат на „Google“ и неговите клиенти да знаат што бара корисникот и кои страници ги посетува.

pixabay

Употребата на „колачиња“ отсекогаш била проблем, особено за оние кои се залагаат за приватноста на корисниците.

И бидејќи прашањето за приватност на корисникот во последно време станува сè поважно во технолошкиот свет, „Google“ одлучи да развие нова технологија која би требало да ги замени „колачињата“, истовремено обезбедувајќи им на корисниците поголем степен на заштита, пишува „AFP“.

unsplash

Новиот алтернативен систем наречен „Federated Learning of Cohorts“ или децентрализиран вид на машинско учење, заснован на локална обработка на податоци без понатамошна размена, треба да се тестира во прелистувачот „Chorme“ оваа година. Сепак, не сите се задоволни со плановите на „Google“.

Црната кутија, наречена машинско учење, може да преземе контрола врз сè што некогаш сте направиле во прелистувачот, а со тоа да ги „групира“ корисниците“, предупредуваат од организацијата за заштита на дигиталните права „Electronic Frontier Foundation“.

А како новата технологија навистина би можела да влијае на корисниците, oд „Google“ засега остануваат воздржани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот