Фото: Screenshot

Голманот кој брутално нокаутираше фудбалер долго нема да брани, а остана и без плата

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија официјално соопшти дека голманот на Реал Сарагоса, Естебан Андрада, е казнет со дури 13 натпревари суспензија.

Строгата санкција следува поради бруталниот физички напад врз капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо, за време на натпреварот за виендот во Арагон во рамки на Втората лига. Аргентинскиот чувар на мрежата, кој претходно веќе имаше жолт картон, му пријде на главниот судија Дамасо Арседијано Монескиљо со жестоки протести, барајќи преку ВАР да се провери ситуацијата околу црвениот картон за негов соиграч во финишот од натпреварот.

Капитенот на Уеска реагирал на неговото однесување, по што Андрада го оттурна, за што доби втор жолт, односно црвен картон. Но, тука не застана, по исклучувањето, голманот целосно ја загуби контролата и го удри противничкиот играч со тупаница во лице. Според официјалниот записник, Пулидо се здобил со хематом на левата јаболчница.

На редовниот состанок одржан во средата, Дисциплинската комисија ја донесе конечната одлука. Андрада доби максимални 12 натпревари суспензија за физичкиот напад, на што му е додаден уште еден меч поради вториот жолт картон на истиот натпревар.

Покрај казната од федерацијата, клубот веднаш реагираше и Андрада е суспендиран од сите активности, а платата му е целосно стопирана, со што неговата иднина во Сарагоса практично е завршена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот