Голманот Александар Мицев го раскина договорот со РК Вардар Неготино

фото: РК Вардар Неготино/Mega Production

Голманот на ракометниот клуб Вардар Неготино, Александар Мицев го раскина договорот што беше склучен за сезоната 2022/2023.

Тој останува без важечки договор (од 19.09.2022) што значи дека е слободен играч.

Дојде до разделба со обострана согласност поради меѓусебни недоразбирања.

Во образложувањето се вели дека тренерот Владимир Глигоров поради не почитување на член 2 од договорот од страна на играчот даде предлог за санкционирање до Управата на РК Вардар Неготино со дисциплинска мерка на 13 септември 2022, по што Мицев на 16.09.2022 усмено за време на тренинг пред сите играчи побара да му биде раскинат договорот.

По никој основ од ниту една договорна странка нема обештетување за предвремениот раскин на договорот за регулирање на меѓусебни права и обврски за натпреварувачката 2022/2023 година.

Суперлига: Езерското дерби за Охрид, Алкалоид го наполни голот на Вардар Неготино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот