Големо намалување на прелетите над македонското небо

Дестинациите и фреквенцијата на летови годинава, ќе зависат и од внатрешната организација и одлуките на авиокомпаниите, бидејќи и тие, како дел од авиобизнисот се значително погодени од кризата со вирусот Ковид-19.

Европската организација за безбедност на воздушната навигација Еуроконтрол, соопшти дека во неделата над македонското небо имало само 38 прелети што во споредба со 2019 година е пад од 95 проценти.

Редовната сеопфатна проценка на Еуроконтрол за најновата состојба во авиосообраќајот во Европа покажува дека на 6 мај се реализирани 4.803 лета, што претставува пад од 84,8 проценти, споредено со истиот период лани.

Од двата аеродорма во државава, во Скопје и во Охрид, кои се затворени за патнички авиосообраќај од средината на март годинава, се реализираат само карго и хуманитарни летови за враќање на македонските граѓани во земјава. Во март годинава по затворањето на двата аеродрома во државава концесионерот ТАВ Македонија регистрираше намалување на патниците за 55 проценти, во споредба со март лани, а во април за 99 отсто.

Дестинациите и фреквенцијата на летови годинава, ќе зависат и од внатрешната организација и одлуките на авиокомпаниите, бидејќи и тие, како дел од авиобизнисот се значително погодени од кризата со вирусот Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот