Големо намалување на болните од коронавирус во Австрија и Шпанија

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Според денешните податоци на Worldometers, во светот се евидентирани повеќе од 2,4 милиони случаи на коронавирус, а досега 165.073 лица починале, додека 625.199 лица се излечени.

Америка досега регистрираше најмногу заболени со ковид-19, односно 764,265 случаи и 40.565 починати.

Според бројот на случаи следи Шпанија со 198.674 случаи и 20.453 починати. Во Шпанија вчера животот го изгубија 410 лица, што е голем пад во однос на саботата кога се забележани 565 смртни случаи од коронавирусот, објавија властите.

Италија е трета по број на регистрирани, со 178.972 случаи и 23.660 починати. Во Италија вчера починаа 433 лица, односно 49 помалку од претходниот ден. Новозаразени има 3.046 лица, речиси 500 помалку од вчера.

Во Австрија во последните 24 часа починале 18 лица, а новозаразени има само 46. Со тоа бројката на заболени се искачи на 14.795, а досега починале 470. „Многу сме среќни што реагиравме толку брзо и решително“, изјави Курц, изразувајќи верба дека бројот на заразените ќе продолжи да опаѓа.

Следуваат Франција, Германија, Велика Британија, Турција па дури потоа Кина која има 82.747 случаи.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака американски разузнувачи да одат во Кина и да го истражат ширењето на коронавирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? 
Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?


Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно 
семејство (ВИДЕО)


Научници влегоа во трага на коронавирусот: 
Не потекнува од Вухан,
ниту од лабораторијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот