Големи закани за жените во Авганистан: Талибанците ги злоупотребуваат и поробуваат

Авганистанска жена во Кабул/ Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Со преземањето на контролата во речиси цел Авганистан, најголема мета на Талибанците станаа жените и девојчињата, пренесува Ројтерс.

Веќе биле пријавени случаи за присилни бракови, злоупотребување на жените, а многу девојчиња станале робинки на Талибанците.

Поради тоа многу од жените пробуваат да избегаат од своите домови како би се спасиле. Тие стравуваат за нивните животи.

Најчесто во опасност се новинарките, а според податоците, Талибанците веќе убиле неколку.

Со пристигнувањето во Кабул, Талибанците веќе започнале да ги кречат ѕидовите и постерите на кои имало женски лица, бидејќи тие тоа не го дозволуваат.

Кога талибанските војници нападнале една од банките во градот Кандахара, тие им наредиле на вработените жени да си заминат дома и да не се враќаат повторно на работа, а на нивните работни места можеле да дојдат нивните мажи.

Овој инцидент беше ран знак за тоа што ќе им следува на жените по победата на Талибанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот