Големи проблеми во Интер: Никој не прифаќа намалување на платите, можен егзодус од „Џузепе Меаца“

epa08617402 Inter coach Antonio Conte and his players look dejected after losing the UEFA Europa League final match between Sevilla FC and Inter Milan in Cologne, Germany 21 August 2020. EPA-EFE/Ina Fassbender / POOL

Играчите, трениерите но и директорите не го прифаќаат предлогот на претседателот Стивен Жанг.

Само што ја прекина доминацијата на Јувентус и за прв пат ја освои титулата во Серија А по пауза од 11 години, во Интер ситуацијата е пред „експлозија“.
Весникот „Кориере дело Спорт“ пишува дека постои реална опасност директорите, тренерот Антонио Конте и поголем дел од фудбалерите да си заминат по неверојатната сезона.
Причината за ваквото бомбастично тврдење на весникот се финансиите.
Имено, сопственикот и претседател на Интер, Стивен Жанг ќе им предочи на сите во клубот дека финансиската ситуација е лоша, дека морале да земат позајмица од 250 милиони евра за да ги исплатат заостанатите долгови.

Жанг се подготвува на оперативците на клубот да им соопшти дека наредната сезона же биде многу тешка, односно ќе мора да се откажат од неколку фудбалери, да ги намалат трошоците, тука се мисли на платите и да ја прифатат новата реалност.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека оваа идеја воопшто не им се допаѓа на сите во клубот, од фудбалерите преку тренерите па се до директорите бидејќи сите тие се согласија со намалување на платите за време на пандемијата и немаат намера повторно да се согласат на таков предлог. Наводно предлогот на Жанг е платите на сите да им бидат намалени за дополнителни 15 проценти.
Весникот тврди дека прв кој нема да се согласи е тренерот Антонио Конте кој бара ова лето дополнителни вложувања за да може да го нападне трофејот и во Лигата на шампионите. Доколку си замине Конте тогаш по него се очекува да си заминат и директорите на клубот, Бепе Марота и Аусилио, а нивниот чекор би го следеле и дел од фудбалерите.

Видео на денот