Големи љубови: Коко Шанел и Игор Стравински, две годишни времиња на бурна страст и нови изуми

Била несакано вонбрачно дете, но несреќното девојче успеало да израсне во успешна, богата и фатална жена. Имала многу љубовници, но никогаш не се омажила. Била ладна и нечуствителна, а најголема љубов доживеала со рускиот композитор Игор Стравински.

Прочуената француска дизајнерка Коко Шанел (1883-1971), основач на светски познатата марка Шанел, се смета за најзначајна појава во модниот дизајн на 20.век. Немала среќно детство, била несакано, вонбрачно дете. Кога мајка ѝ починала Коко, односно Габриел – како што вистински се викала, имала само 12 години. Татко ѝ ја оставил во дом за сирачиња, па за неа се грижеле монахињи. И како во приказна, сиромашното и несреќно девојче успеало, со упорност, борба и талент, да стигне до богатство и слава. Кога се прославила, зборувала дека не може да ја разбере постапката на татко ѝ и воопшто не сакала да зборува за детството. Тврдела дека токму тие настани нанеле трајна штета на нејзината душа, па затоа израснала во строга и нечувствителна жена, неспособна длабоко и посветено да сака. Но, израснала и во силна, енергична, страствена и фатална жена која имала острина, привлечност и голем интелект. Цврсто верувала во своите идеи, сништа и цели. И никогаш не се откажувала.

Фото Инстаграм

Имала многу љубовници, но никогаш не се омажила. Во нејзиниот кревет биле и рускиот кнез Димитри Павловиќ, војводата од Вестминистер, наводно и Пикасо и Дали, но и прочуениот композитор Игор Стравински.

Славниот руски композитор Игор Фјодоровиќ Стравински (1882-1971) бил еден од највлијателните уметници на 20. век. Интелигентен, широкоумен, со космополитски дух, славата – покрај признанијата кои ги добил за своите композиции – ја стекнал и како диригент и пијанист. Неговиот музички израз бил разноличен и неповратно влијаел на руската и светска музика. Славата ја стекнал со балетите Жар птица, Петрушка и Посветување на пролетта. Коко го гледала неговиот последен балет, кој поради тенденциозниот напад на буржуаскиот вкус е проследен со свиркања на публиката и згрозувачки критики, и – му се воодушевила.

Фејсбук

Во Стравински препознала сродна душа, човек со подеднакво широки погледи. Но, не се запознале тогаш, туку малку подоцна, ги запознал големиот балетски уметник Сергеј Џагиљев. По револуцијата, Игор Стравински избегал од Русија и станал бегалец кој живее во Париз.

Коко се збогатила за време на Првата светска војна, Коко не размислувала многу дали да му помогне на славниот композитор. Му понудила да живее во нејзиниот дом. Стравински имал жена и четири деца, но романсата со Коко едноставно се случила. Чувствувале огромна физичка привлечност која се мешала со неговата посветеност кон семејството и сопругата. Сè било бурно, брзо и експлозивно. Иако биле заедно само неколку месеци, од летото до зимата 1920 година, врската имала големо влијание на нивните понатамошни дела.

Додека биле заедно, Коко го создала легендарниот парфем Шанел 5, чија слава тешко може да се надмине, додека Стравински направил револуционерна стилска промена и од модернизам преминал на неокласицизам. Биографите пишувале дека Коко сексуално го ослободила Стравински што автоматски се пренело на сите сегменти на неговиот живот, и довело до експлозија на идеите кои биле сокриени во него.

Таа била сè за што тој сонувал. Жена каква никогаш претходно не запознал, поттик да созрее и како маж и како уметник. Сепак, верноста кон семејството и чувството на грижа на совест биле посилни. И Коко и Игор се разделиле. А, можеби и тој знаел дека никогаш нема да може да ја скроти и дека таа не е жена за еден човек.

Фејсбук

Починале во иста година, таа – додека ја подготвувала збогувачката колекција.

Последните години ги поминала во Лозана, а умрела во Париз во хотелот Риц, на 88 годишна возраст. Таму е и погребана, а околу нејзиниот гроб поставени се пет камени лавови кои ја симболизираат силата на оваа неверојатн жена.

Инстаграм

По љубовната афера со Коко Шанел, Стравински со семејството се преселил на југот на Франција. Но следувале тешки денови. Туберколозата од неговата сопруга преминала на најстарата ќерка Људмила, но и на него самиот. Људмила починала во 1938., а Катерина следната година. Игор се лекувал пет месеци во болница, а во меѓувреме починала и мајка му. Со почетокот на Втората светска војна, се преселил во Америка, прво во Холивуд, а потоа во Њујорк, каде живеел до смртта, 1971 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот