ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, загина во земјотресот во Албанија (ФОТО) – Слободен печат
ВестиРегион

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, загина во земјотресот во Албанија (ФОТО)

Репортерката на емисијата „Бум“, Аријана Лоче, идентитетот на жртвата го објави на социјалните мрежи.

Албанските медиуми тврдат дека ја идентификувале првата жртва на силниот земјотрес кој утринава ја погоди Албанија. Станува збор за Кристијан Преци, кој само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, го загубил својот живот, пренесува „Индексонлајн“.

Репортерката на емисијата „Бум“, Аријана Лоце, идентитетот на жртвата го објави на социјалните мрежи. Според нејзините информации, Пречи бил неправедно осуден и по обраќањето во нејзината емисија, тој бил ослободен по петмесечниот престој и издржување на казната.

Меѓутоа, неговата среќа не траела, поради тоа што тој го загуби својот живот во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој утринава ја погоди Албанија.

Фото: Визион плус

Новинарката изрази сочуство за семејството на загинатиот маж, а се уште нема официјална потврда дека Пречи е една од шесте жртви во земјотресот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close