Голема трагедија на Корчула: Три момчиња загинале во тешка сообраќајка

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува Индекс.хр.

Најмладиот имал само 19 години, а другите двајца 22 и 24 години.

Несреќата се случила околу 00:45 часот на делницата од патот Д-118 Вела Лука-Блато.

„Не се сеќаваме на ваква трагедија“

„Смоквица не памети ваква трагедија. Ќе прогласиме седумдневна жалост“, изјави за далматинскиот портал градоначалникот на Смоквица Кузма Томашиќ.

На Фејсбук страницата на општина Смоквица во 10:15 часот е објавена одлуката за прогласување една недела на жалост за страшната несреќа во која загинаа тројцата млади момчиња.

Возел 19-годишникот, излетал од патот и удрил во дрво, автомобилот се преполовил

Сообраќајната несреќа се случила, соопшти полицијата, кога 19-годишник, управувајќи автомобил со дубровнички регистарски таблички, движејќи се од правец на Блато во правец кон Вела Лука, изгубил контрола поради неприлагодената брзина и условите на патот. Возилото излетало од коловозот и удрило во дрво.

Според далматинскиот портал, ударот бил толку силен што автомобилот се преполовил. Тројца млади момчиња загинале на лице место.

Полицијата соопшти дека ниту еден од тројцата млади луѓе не користел сигурносен појас.

Телата на повредените млади момчиња се пренесени на Патолошкото одделение во Дубровничката болница, соопшти утрово полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот