Голема расправија, врескање и кршење во домот на Борис Џонсон

Како што пренесува Гардијан, во станот на поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, интервенирала полицијата по пријавата од граѓаните кои ја слушнале вревата.

Нивните соседи пријавиле гласна кавга, со врескање, викање, кршење и удирање во станот, па затоа полицијата во петокот интервенирала во станот на Џонсон.

Соседите кажале дека од станот се слушало врескање од жената која на Џонсон му викала „Тргни се од мене, излегувај од мојот стан“, а тој одбивал и барал таа да го остави неговот лап топ.

Потоа слушнале врескање од Кери Симондс бидејќи Џонсон со вино ја уништил нејзината софа, а таа постојано извикувала дека не и е грижа ниту за пари, ниту за ништо друго, само тој да замине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот