Голема радост во кралското семејство: Се породи принцезата Беатрис

принцеза беатрис
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Внуката на кралицата Елизабета, принцеза Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели Моци станаа родители во саботата, објави Бакингемската палата.

33-годишната внука на кралицата роди девојче тешко 2,8 килограми во лондонската болница Челзи и Вестминстер, се претпоставува во Кенсингтонското крило.

Бебето, чие име сè уште не е откриено, е второто внуче на принцот Ендру и Сара Фергусрон, а 12-то правнуче на кралицата Елизабета.

Радост во кралското семејство: Принцезата Беатрис е бремена

Новородената ќерка на Беатрис е 11-та по ред за престолот, а иако е родум дете на принцеза нема да носи кралска титула, која автоматски ја добиваат само внуците на владетелот по машка линија.

Кралицата би можела да додели кралска титула, но родителите веројатно нема да ја бараат. Принцезата Беатрис на својот службен твитер-профил објави дека е воодушевена што може да ја сподели веста безбедното пристигнување на свет на нивната ќерка, заблагодарувајќи се на тимот во болницата за извонредната нега.

„Нејзиното Височество принцезата Беатрис и г-дин Едуардо Мапели Моци со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во сабота 18 септември 2021, во 23:42, во болницата Челзи и Вестминстер, Лондон“, се вели во официјалната објава на Кралството.

Во објавата информираат и дека Нејзиното Височество и нејзиното новороденче се обете добро, и новите родители се нетрпеливи да ја претстават нивната ќерка на нејзиниот поголем брат Кристофер Вулф, кој е син на Едуардо Мапели од неговата претходна врска.

Ова е прво дете на принцезата Беатрис, која за првпат стана тетка во февруари кога нејзината сестра принцезата Јуџин роди машко бебе со име Август, а по пристигнувањето на второто дете на војводата и војвотката од Сасекс во јуни, Лилибет Лили Дијана Моунтбатен-Виндсор, таа се помести од 9-тото на 10-тото место во редоследот за тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот