Голем удар за Шпанија, црвената „фурија“ без Љуљ на Евробаскет 2022

Кошаркарот на Шпанија, Серхио Љуљ се повреди непосредно пред ЕП/Фото: EPA-EFE/Elvira Urquijo A.

Серхио Љуљ (34), легендата на шпанската и светската кошарка, поради повреда на мускулот ќе го пропушти Европското првенство кое започнува за шест дена, соопшти Шпанската кошаркарска федерација.

Љуљ е капитен на Реал Мадрид со кој двапати ја освои Евролигата, додека со Шпанија дојде до три европски злата и е актуелен светски првак.

Се повреди на подготвителниот меч против Исланд и ја напушти репрезентацијата во која ќе биде заменет од Хуан Нуњез, МВП на Јуниорскиот Евробаскет на ЕП.

За првпат од 2005 година се игра големо натпреварување без ниту еден од браќата Гасол, Серхио Родригез се пензионираше, а во листата на повредени и неподготвени се наоѓаат Рики Рубио, Карлос Алосен, Алберто Абалде, Алекс Абринес, Пјер Ориола, Виктор Клавер и Санти Алдама.

Црвената „фурија“ на ЕП ќе игра во групата „А“ со селекциите на Црна Гора, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот