Голем пех: Дехари скина лигамент, нема да настапи во Пекинг

Дардан Дехари го повреди коленото на денешниот тренинг/ фото: МОК

Дардан Дехари нема да настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг бидејќи на еден од последните тренинзи го скина лигаментот на десното колено. Дехари на денешниот тренинг падна и го повреди коленото, по што со консултации со докторот во македонската експедиција во Пекинг и кинеските лекари, одлучено е тој итно да биде опериран.

„На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран“, соопшти Македонскиот олимписки комитет.
Дардан Дехари беше знаменосец на свечената церемонија на отворањето на ЗОИ во Пекинг, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом што треба да се одржат на 13. и 16. февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот