Ѓоковиќ се врати на терените со победа во Рим (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во рамките од второто коло на Мастерс турнирот во Рим (Италија) го совлада домашниот натпреварувач Салваторе Карузо со 6:3 и 6:2.

Српскиот тениски ас во наредната рунда се пласираше после еден час и 24 минути игра, а нареден ривал ќе му биде победникот од дуелот Марко Чекинато (Италија) и Филип Крајиновиќ (Србија).

После шокот и дисквалификацијата на „УС Опен, Ноле ќе се обиде да го врати доброто расположение и шампионски се загрее пред новиот грен слем „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.

Денеска во машка конкуренција завршија уште три меча, Беретини беше подобар од Корија (7:5, 6:1), потоа Чилиќ го совлада Гофан двапати со 6:2, а Травалја со 7:6 (2) и 7:5 го елиминираше Чориќ.

Кај жените успешна беше Халеп која со 6:3 и 6:4 беше подобра од Паолини, Мертенс со 6:2 и 6:4 славеше против Линет, а Ковиниќ со 6:3 и 6:1 ја совлада Бенчиќ.

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 3.465.045 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот