epa09234948 Novak Djokovic of Serbia celebrates after winning his final match against Alex Molcan of Slovakia at the Belgrade Open tennis tournament in Belgrade, Serbia, 29 May 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Ѓоковиќ планира да игра на ОИ во Токио доколку има публика на трибините
Слободен печат
Пред
Новак Ѓоковиќ денеска уште еднаш изјави дека планира да настапи на претстојните Олимписки игри во Токио доколку на навивачите им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите.
– Колку што слушнав ќе има навивачи на трибините и тоа само домашни навивачи. Мислам дека ќе биде дозволено присуство на 20 или 30 проценти од капацитетот. Доколку ја променат одлуката, ако нема навивачи – тогаш ќе размислам дали сакам да одам или не. Засега планирам да играм во Токио и многу сум возбуден поради тоа – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Париз.
Ѓоковиќ досега три пати настапи на Олимписките игри, и го освои бронзениот медал во Пекинг 2008 година. Свеченото отворање на Игрите во Токио е закажано за 23. јули.
Поради пандемијата на коронавирусот, јапонската влада им забрани на странските навивачи да присуствуваат на Игрите, а организаторот наскоро ќе одлучи дали ќе им биде дозволено присуство на домашни навивачи на Игрите и во колкав број.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …