Ѓоковиќ брутално искрен: Доаѓаат промени, младите ќе ме симнат од тронот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој моментално е дел од Мастерсот во Рим каде ја брани титулата освоена минатата година ја пофали младата генерација на тенисери.

– Доаѓа до смена на генерации и резултатите тоа го покажуваат. Овие момци играат секоја недела. Тука се Рубљов, Беретини, Зверев, Циципас и сите играат одлучно и сите доаѓаат до важни поени. Тука е и Медведев како и Тим кои се во врвот на светскиот тенис веќе неколку години. Ќе ме симнат од тронот, тоа е неизбежно. Доаѓаат промени, дали ќе бидат за еден месец или за една година не знам, но знам дека доаѓаат – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер исто така порача дека има нов приоритет, не го интересира уште колку време ќе биде на чело на АТП ранг листата, туку го интересира само освојувањето на грен слем титули.

– Мене тоа повеќе не ме интересира. Сега единствено што ме интересира се грен слем трофеите – порача Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот