Гоф против Мухова во полуфиналето на мастерсот во Мајами
Американската тенисерка Коко Гоф се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами, САД, по победата од 2:1 во сетови над Швајцарката Белинда Бенчиќ со 6-3, 1-6, 6-3.
Препорачано
Гоф имаше водство од 3-0 во првиот сет и три брејк-топки, кои Бенчиќ ги спаси, а потоа ги врати.
Сепак, Американката веднаш повторно направи брејк на сервисот на противничката, а подоцна рутински поведе во сетови.
Швајцарката возврати во вториот сет и со два брејка многу убедливо стигна до израмнување на резултатот.
Во петтиот гем од решавачкиот трет сет, Бенчиќ прва направи брејк и поведе, но потоа ѝ дозволи на противничката двапати по ред да дојде до брејк на нејзин сервис и да направи пресврт за победа.
Гоф во полуфиналето ќе игра против Каролина Мухова од Чешка, која ја елиминираше Викторија Мбоко од Канада со 7-5 и 7-6 (5).
Втората полуфинална двојка ќе се дознае по одигрувањето на останатите четвртфинални мечеви: Е. Рибакина – Џ. Пегула и А. Сабаленка – Х. Баптист.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
36мин
-
56мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


