Фото: Профимедиа

Го учи организмот да го препознае нападот: Дали вакцината против ракот на јајчниците ќе помогне да се искорени оваа подмолна болест?

Научниците кои во Велика Британија работат на создавањето на првата вакцина против рак на јајчниците во светот се надеваат дека таа би можела да помогне во искоренувањето на оваа лоша болест.

Оваа вакцина може да делува на сличен начин како вакцината против хуманиот папилома вирус (ХПВ), објави неодамна „Скај њус“. Вакцината наречена ОварианВакс (OvarianVax) го учи имунолошкиот систем да препознае напад врз организмот во најраните фази на ракот на јајчниците.

На развојот на вакцината работат научниците од Универзитетот во Оксфорд. Истражувачите допрва треба да утврдат кои протеини на површината на клетките на ракот на јајчниците во раната фаза на имунолошкиот систем најдобро ги препознава и како вакцината може ефективно да ги уништи. По тие испитувања и тестови во лабораторија, тие ќе можат да преминат на клинички испитувања на луѓе кои имаат мутација на генот BRCA која драстично го зголемува ризикот од добивање рак на јајчниците, како и на здравите жени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот