Го ризикуваат својот за да ги спасат нашите животи: Во Италија 103 лекари починаа од корона вирус

Американскиот весник „Тајмс“ ја посвети својата насловна страна на својот најнов број за „јунаците на фронтот“, здравствените работници во борбата против Ковид – 19.

Бројот на починати лекари од ден во ден се повеќе расте. Во последните 24 часа вкупниот број на жртви меѓу лекарите се искачи на 103, а бројот на медицински сестри на 28 мртви.

– Сто мртви колеги. Никогаш не мислевме дека ќе стигнеме толку далеку. Ваквите бројки мора да не натераат да размислуваме за тоа кој и како треба нас да не заштити. Семејните лекари поминаа најлошо. Останаа сами да се борат против вирусот со голи раце. А доколку некој доктор се разболи, тоа се случило за време на посета на своите пациенти, предупреди претседателот на Националната федерација на лекари и стоматолози, Филип Анели.

Според неговата изјава, овој вирус го затекна системот неподготвен и покажа дека неопходно да се обезбеди подобра заштита за лекарите на работното место, а тоа како што вели, е обврска на државата.

Американскиот весник „Тајмс“ ја посвети својата насловна страна на својот најнов број за „јунаците на фронтот“, здравствените работници во борбата против Ковид – 19.

– Асистенцијата на одделни одделенија за интензивна нега, во време на Ковид – 19, особено интубацијата на пациентите, тоа се моменти во кои најмногу сте изложени на заразата. Навикнавме да работиме под притисок, но никогаш не било како сега. Ги имаме сите потребни заштитни уреди, а сепак сите се плашиме дека ќе бидеме заразени, вели еден од хероите во бели мантили, Франческо Менкиз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот