Глумел дека се дави за да ја види реакцијата на своето куче, снимката стана хит на интернет (ВИДЕО)

Снимката од маж кој глуми дека се дави за да ја види реакцијата на својот миленик стана хит на социјалните мрежи каде воодушеви бројни љубители на животни.

Пан Чин Тујен од Виетнам пливал во базенот во близина на својата ќука кога почнал да го довикува своето куче глумејќи дека се дави. Сакал да види како неговто куче ќе реагира, а целата сцена ја снимил некој од позадина.

Оваа снимка дополнително ќе ви докаже дека кучињата се најдобрите пријатели на луѓето.

Снимката привлече многу внимание на Reddit и потоа стана вирална.

Иако некои се уверени дека кучето е истренирано за таква реакција, сите се сложија дека неговата реакција е импресивна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот