Фото: EPA/ABIR SULTAN

Главниот опозициски лидер во Израел се жали за примирјето со Иран: „Никогаш во нашата историја немало ваква политичка катастрофа“

Израел не беше ни блиску до масата кога се носеа одлуки за суштината на нашата национална безбедност. Армијата спроведе сѐ што беше побарано од неа, а јавноста покажа извонредна издржливост, но Нетанјаху потфрли политички и стратешки и не постигна ниедна од целите што самиот си ги постави, рече главниот лидер на израелската опозиција, Јаир Лапид.

Главниот лидер на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска остро го критикуваше прекинот на огнот со Иран, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху дека не ги постигнал целите на војната, објави весникот „Аш Шарқ ал-Авсат“.

„Никогаш во нашата историја немало ваква политичка катастрофа. Израел не беше ни блиску до масата кога се носеа одлуки за суштината на нашата национална безбедност. Армијата спроведе сѐ што беше побарано од неа, а јавноста покажа извонредна издржливост, но Нетанјаху потфрли политички, потфрли стратешки и не постигна ниедна од целите што самиот си ги постави“, напиша Лапид на „Икс“.

Иран и Америка договорија двонеделно примирје, се отвора Ормускиот Теснец

Нетанјаху како централна цел на војната го постави елиминирањето или барем сериозното ослабување на иранската нуклеарна програма, опишувајќи ја како „егзистенцијална закана“ за Израел.

Тој повика и на неутрализирање на иранските балистички ракетни капацитети, слабеење или евентуално соборување на иранскиот режим, како и ограничување на регионалното влијание на Техеран преку таргетирање на неговата мрежа од сојузнички групи.

„Ќе ни бидат потребни години за да ја поправиме политичката и стратешката штета што ја предизвика Нетанјаху поради ароганција, негрижа и поради недостиг од стратешко планирање“, рече Лапид.

САД и Иран се договорија за двонеделен прекин на огнот во последен момент, во обид да се спречи целосното уништување на Иран со кое се закануваше американскиот претседател Доналд Трамп.

Израел соопшти дека ја поддржува одлуката на Трамп да го суспендира бомбардирањето на Иран, но нагласи дека прекинот на огнот „не го вклучува Либан“.

Израел се бори против Хезболах, група поддржана од Иран, откако либанската вооружена организација во март почна да истрелува ракети кон Израел.

ВИДЕО | Израел изврши крвав напад врз Либан: загинаа осум луѓе, оштетена е болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот