ВИДЕО | Израел изврши крвав напад врз Либан: загинаа осум луѓе, оштетена е болница
Осум луѓе загинаа рано утринава, а 22 се ранети во израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Препорачано
Дрон погоди автомобил паркиран покрај шеталиштето крај морето во Сајда, пред две полни кафулиња, при што автомобилот се запали, а кафулињата беа уништени, пренесе „Си-ен-ен“.
Во друг напад, врз болницата „Хирам“ во Либан, беше предизвикана голема материјална штета на зградата, вклучително и на болничките соби и влезот на болницата.
BREAKING:
Israel just dropped bombs on a café in Saida, South Lebanon, in the middle of the night — killing at least 8 civilians.
A café full of civilians.
This is a massacre. pic.twitter.com/vAwP5oRvAk
— sarah (@sahouraxo) April 8, 2026
Хезболах соопшти дека вчера извршил 52 напади врз позиции на израелската армија во Либан и Израел, а денеска досега уште два напади.
Либан не е вклучен во договорот за прекин на огнот меѓу САД, Израел и Иран што беше објавен во вторникот, според кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Ставот на Израел е спротивен на изјавата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој помогна во посредувањето на договорот меѓу САД и Иран, а кој рече дека договорот го опфаќа и Либан.
Најмалку 1.530 луѓе, меѓу кои и 130 деца, се убиени, а илјадници други се ранети во Либан откако почна војната, соопшти во вторникот Министерството за здравство на земјата.


