Главната урбанистка во Гази Баба негира дека донесувањето на ДУП-от ќе значи овозможување на капацитети за преработка на тешка загадувачка индустрија

Жестока расправија помеѓу раководителката на секторот  за урбанизам во Општина Гази Баба, Благица Блажевска  и граѓаните го оневозможи почетокот на расправата за донесување  на  трите детални урбанистички планови,  (ДУП за С 17, блок 2, блок 3 и блок 4) за коплексот фабрика Железара.

Таа на присутните  кои побараа одложување на расправата поради несоодветните услови за одржување на дистанца им сеобрати со  зборовите: Ако не сакате да седите, одете си! По ова и самата ја напушти просторијата, но караницата  продолжи  и надвор од  салата на советот.

Одговорната за  урбанизам во Гази Баба тврди дека донесувањето на ДУП-от нема ништо  да  промени, бидејќи како што вели самата,  таму  веќе е предвидена градба,  и без да се донесе ДУП,  секако  ќе се гради, но не тешка загадувачка индустрија.

-Ние направивме пренамена на просторот во лесна незагадувачка индустрија,  намена Г-2. Оние субјекти кои се со  намена Г-1, си останаа со  намена за тешка загадувачка индустрија ама  немаат развој, не можат да доградуваат,  или надградуваат капацитети. Се друго е  со намена  за  деловен простор, зеленило  и лесна индустрија. Во урбанизмот има термин  што се вика „постоечка намена„ а тоа значи дека само им се потврдува намената на  објектите и индустријата што веќе постои. Досега за тој дел од Општината нема донесено Детален урбанистички план, сега дојде време да го урбанизираме и да го средиме, бидејќи има многу субјекти и секој треба да си  добие своја парцела. Донесувањето на ДУП-овие е во знакот на развојот на општината и ако сакате да имате развој на општината, мора да работите,  вели Блажевска.

Земјиштето на кое  ќе се гради е во сопственост на Република Македонија.

Имено, согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија.

 -Ќе се зафатат нови празни површини за парцели, површините за градење се огромни, па наместо да се намали индустријата и технолошките поцеси кои го загроуваат квалитетот на животната средина во Градот, со овие планови само се зголемуваат проблемите и се отвараат нови врати за процеси кои се опасни по здравјето на луѓето и животната средина. Мора  општината да биде потранспарентна, за   граѓаните да знаат  за каква индустрија станува збор,    односно што ќе се  вели Анастасија Павловска, која  ја започнала оваа иницијатива за  стопирање на донесување на трите Детално урбанистички планови.
Дејан Димитровски кој е советник во општина Гази Баба вели дека најдобро решение е граѓаните сами да одлучат дали сакаат чиста животна средина или  нови работни места.
Факт е  дека само 15 проценти е  Г-1, а останатото е  Г-2  и Г-3, но сметам дека не смее   да има ниту толку застапеност на загадувачката индустрија во Деталните урбанистички  планови. Дури можеби треба да има референдум и граѓаните сами да одлучат дали сакаат нови работни  места  или  здравје. Не треба самоо советниците да одлучуваат за толку важна работа, рече Дејан Димитровски од ДОМ.

Постапката за донесување на ДУП-от е прекината се до следната јавна расправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот