Илустративна фотографија / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ѓубриво мора да има на пазарот, маржата се ограничува на максимум 10 отсто, велат во Министерството за економија

Максималната маржа за неорганските ѓубрива се ограничува до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За останатите видови ѓубрива и сродни производи, маржите се ограничуваат до 10% во трговијата на големо и  до 10% во трговијата на мало. Ова се пакет-мерките на Владата со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона.

Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните цени на ѓубрива во периодот јануари-април 2026 година.

Со првата одлука се утврдуваат посебни услови за трговија со неоргански, органски и органо-минерални ѓубрива, како и биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата. Истовремено, се воведува ограничување на бруто профитните маржи во целиот трговски синџир.

Дополнително, трговците се задолжуваат да обезбедат континуирана достапност на овие производи, односно да продаваат најмалку 70% од просечните месечни количини, со што се спречува создавање вештачки недостиг на пазарот. Со втората одлука, Владата утврди и директна мерка за намалување на цените на постојните количини на неоргански ѓубрива во трговијата на големо набавени до 15 април 2026 година. Имено, највисоките цени се фиксираат на нивото од 15 април 2026 година, намалени за 10% само за количините на ѓубрива набавени до 15 април 2026 година, и ќе важат до целосно исцрпување на истите.

Ќе се ограничи маржата на вештачките ѓубрива за да се заштити домашното производство, вели Трипуновски

Овие мерки имаат за цел спречување на ценовни шокови, заштита на домашното земјоделско производство, обезбедување фер услови на пазарот како и навремено снабдување на земјоделците со неопходни репроматеријали.

Одлуките стапуваат во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, при што мерките за ограничување на маржите ќе се применуваат до 31 мај 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот