Ѓорче Петров повторно ја зголеми помошта, секое бебе ќе добие по 8.000 денари

Општина Ѓорче Петров годинава повторно ја зголеми финансиската помош за секое ново бебе родено на нејзина територија.

Во 2025 година еднократната помош беше зголемена од 5.000 на 7.000 денари, а сега за уште 1.000 денари, па секое семејство со новороденче ќе добива по 8.000 денари еднократна финансиска помош како конкретна поддршка во најубавите, но и најодговорни моменти од родителството.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа одлука е дел од пошироката визија за зајакнување на семејството како темел на локалната заедница.

Секое новородено дете е нов почеток, надеж и наша заедничка одговорност. Со оваа зголемена финансиска поддршка испраќаме јасна порака дека стоиме зад младите семејства и дека инвестираме во животот од самиот почеток. Грижата за децата не е трошок, туку највредната инвестиција во иднината на нашата општина – рече градоначалникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот