Ѓоковиќ во елитниот тениски клуб: Може да го стигне Надал до есен, а потоа и го нападне рекордот на Федерер
Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 900 недела во Топ 10 на АТП ранг листата. Колку е тоа импресивно најдобро покажува фактот дека тој е само третиот играч во историјата на тенисот со вакво историско достигнување.
Препорачано
Српскиот тенисер одамна го надмина Американецот Андре Агаси, кој е четврти на листата на сите времиња со 665 недели во Топ 10. На оваа вечна листа пред Ѓоковиќ се наоѓаат само Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Надал има 912 недели и освен ако не се случат некои непријатно изненадувања, Ѓоковиќ би требало да да се израмни со Шпанецот кон средината на октомври, а потоа и да го престигне.
А доколку сака да се најде на врвот на оваа листа, Ѓоковиќ че мора да остане во Топ 10 до крајот на 2026 година за да се израмни или го надмине Швајцарецот Федерер, кој застана на 968 недели.
Ѓоковиќ моментно е шести играч на планетата, но Андреј Рубљов кој е рангиран на 10 позиција сега има нешто помалку од илјада помалку од Србинот.
Ѓоковиќ одлучи да го пропушти турнирот во Торонто, па сега се очекува да игра во Синсинати како и обично на американската турнеја, а потоа и на САД опен.


