Ѓоковиќ убедлив против Кецмановиќ за осминафинале на „Вимблдон“

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Вимблдон“, откако денеска во третото коло го совлада сонародникот Миомир Кецмановиќ со 6:0, 6:3, 6:4.

Ѓоковиќ загуби само седум гема од Кецмановиќ и сега му претстои дуел против Холанѓанецот Тим ​​Ван Рајтховен, кој претходно со 6:4, 6:3, 6:4 го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили.

На другите мечеви, Американецот Франсес Тијафо со 3:1 (3:6, 7:6, 7:6, 6:4) го елиминираше Александер Бублик од Казахстан. За пласман во четвртфиналето Тијафо ќе игра против Давид Гофан (Белгија) кој беше подобар од Уго Ембер (Франција) со 6:4, 5:7, 2:6 и 5:7.

Во американскиот дуел Сок со 3:1 триумфираше над Креси, додека Пол (САД) со 3:0 го исфрли Јири Весели (Чешка).

Во женска конкуренција елиминирана е петтата носителка Марија Сакари од Грција која загуби од Татјана Марија од Германија со 3:6 и 5:7 за еден и пол час игра.

Следна противничка на Марија ќе биде Летонката Остапенко која со 2:1 ја совлада Романката Бегу. Настапот го заврши и Кербер која претрпе пораз од Мертенс со 0:2, а победи забележаа уште Немејер, Вотсон, Жабир и Бузкова.

Наградниот фонд на грен слем турнирот во Лондон е 46,8 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот