Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале на Србија Опен

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Астана/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот што се игра во Белград, Србија Опен. Ѓоковиќ во четвртфиналето со пресврт го елиминира сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2:1 во сетови и тоа со 4:6,6:3,6:3.

Во првиот сет одлучувачкиот момент се случи во третиот гем кога Кецмановиќ направи брејк и предноста со сигурен сервис ја задржа до крајот на сетот.

Во вториот сет, Ѓоковиќ повторно во третиот гем го загуби сервисот, но овој пат експресно возврати и во наредниот гем направи рибрејк, потоа во осмиот гем направи уште еден брејк со што успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Најдобриот светски тенисер не дозволи изненадување во одлучувачкиот сет и со два брејка дојде до победа која го однесе во полуфиналето.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Карен Качанов – Тијаго Монтеиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот