Ѓоковиќ се пласира во финалето на Србија Опен

Новак Ѓоковиќ наскоро испишува јубилеј/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на турнирот што се игра во Белград, Србија Опен откако во полуфиналето го совлада Карен Качанов со 2:1 во сетови и тоа со 4:6,6:1,6:2.

И овој пат Ѓоковиќ славеше со пресврт откако го губеше првиот сет, но за разлика од дуелите со сонародниците Ѓере и Кецмановиќ кога се мачеше во вториот и третиот сет, овој пат против Качанов прикажа убедлива игра.

Во првиот сет, двајцата тенисери го чуваа својот сервис се до последниот десетти гем кога Качанов успеа да направи брејк што значеше освојување на сетот со 4:6.

Во вториот сет, Новак одигра фанастично освојувајќи пет гема во низа со убедливи 6:1. Третиот сет започна со брејк на Ѓоковиќ а потоа направи уште еден за водство од 4:1 со што беше јасно дека ќе триумфира и ќе обезбеди пласман во финалето. На крајот славеше со 6:2 и во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Андреј Рубљон и Фабио Фоњини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот